(Фото/Видео) Атрактивната бринета ја маѓепса Венеција: илјадници кристали ги прекриваат нејзините раскошни облини

Со својата впечатлива убавина и смелиот моден избор, Софија Ресинг успеа да обезбеди место на црвениот тепих во Венеција.

Софија Ресинг привлече големо внимание со своето појавување на Филмскиот фестивал во Венеција, уште еднаш покажувајќи зошто важи за едно од најупечатливите лица на модната сцена. Младата манекенка и инфлуенсерка зачекори на црвениот тепих во гламурозна комбинација што беше невозможно да се игнорира.

За оваа пригода, таа избра долг, тесен фустан украсен со кристали и светки, кој блескаше под рефлекторите со секој нејзин чекор.

Дизајнот беше смел, со длабоко деколте што го истакнуваше нејзиниот граден кош и ја нагласуваше нејзината фигура. Ништо помалку и не се очекуваше од таква убавица…

Софија го надополни изгледот со дискретни детали, дозволувајќи му на фустанот да биде во центарот на вниманието. Со минималистички, но впечатлив накит и гламурозен изглед, таа позираше пред фотографите и ја воодушеви публиката.

Што се однесува до фризурата, таа како да се инспирираше од Зендаја, која претходно предизвика големо внимание и со модните избори и со стилизирањето на косата.

Нејзиното појавување во Венеција уште еднаш докажа дека на црвениот тепих нема место за комбинации што брзо се забораваат, а Софија беше решена да блесне.

Scroll to Top