Кејт Мидлтон никогаш не престанува да поставува нови модни трендови, но понекогаш сака да ги прифати и постоечките.
Нејзиното последно појавување ги воодушеви модните критичари, а Кејт се искачи уште повисоко на листата на најдобро облечени жени во светот.
На прославата одржана по повод доаѓањето на летото, кралскиот пар уживаше во убавото време, а целиот свет беше воодушевен од модата на убавата принцеза.
Таа веќе неколку пати пронашла инспирација во модниот израз на принцезата Дијана, а ниту овој пат не сакаше да го промени проверениот рецепт. Лелеавото здолниште и дезенот со точки што ги преплавија улиците оваа сезона се нејзин избор, во комбинација со пократко двојно закопчано сако.
Тенок ремен го нагласуваше струкот, а кафеавите чевли и шапката ја заокружуваа модерната модна бајка на принцезата Кејт.
А накитот е секогаш неизбежен, особено кога станува збор за кралското семејство, а овој пат Кејт носеше висечки обетки и бисерна нараквица што некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дијана.







