(Фото/Видео) Конечно се откажа од изгледот на „добра девојка“ и ја покажа својата најсексипилна страна

Манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли не се двоумеше да покаже малку повеќе кожа од вообичаено, претставувајќи смело издание на Модната недела во Париз.

Роузи Хантингтон-Вајтли гордо ја носи титулата кралица на уличниот стил. Речиси секоја нејзина комбинација спојува практичен стил со парчиња од урбаната мода за да се постигне изглед што зрачи со лежерна елеганција.

Чисти линии, структурирани кроеви, нежна палета на бои и модерен гламур го дефинираат нејзиниот стил, а таа ретко отстапува од оваа естетика.

Сепак, за Модната недела во Париз, таа одлучи да го прекрши своето вообичаено правило на „урбана дама“ и да облече сосема неочекувана комбинација. За вечерната забава на „Saint Laurent“, таа избра црн фустан од тантела.

Фотографите ја уловија пред хотелот во тесен модел што ги истакнуваше нејзиниот деколте и витките нозе.

Овој необичен, помалку провокативен фустан ги откриваше нејзините гради, како и црната долна облека што ја носеше под него.

Таа ја собра косата во висока пунџа и се одлучи за шминка во неутрални тонови што ги истакнуваа нејзините природни црти.

Судејќи според фотографиите, фокусот беше ставен на самата провокативна природа на облеката, па немаше потреба од впечатливи модни додатоци за да се заокружи изгледот.

Scroll to Top