(Фото/Видео) Најфаталната жена на светот речиси гола на Мет Гала: Нејзиното тело е совршенство

Познатата манекенка Ирина Шајк самоуверено се појави во Метрополитен музејот на уметност, познатото место каде што традиционално се одржува Мет Гала и секогаш привлекува голем број љубопитни погледи.

Овогодинешната тема е „Costume Art“ и го става човечкото тело во фокус, па Ирина Шајк целосно ја исполни својата задача.

Ако се прашувавте дали е можно да се појави целосно гола, покриена со дијаманти, сега таа дилема е решена.

Нејзиниот аутфит се состоеше само од градник украсен со дијаманти, со златни ремени кои имаа детаљ во форма на часовник во средината. Нејзините гради беа покриени само со два сребрени прстени, додека дизајнерот го остави остатокот целосно откриен.

Манекенката го комплетираше изгледот со долгo црнo здолниште со многу низок струк и низа ѓердани кои се спуштаа до нејзиниот папок.

Scroll to Top