(Фото/Видео) Од „само пријатели“ до страсни љубовници: сите зборуваат за овој „доказ“

Иако Ким Кардашијан и Луис Хамилтон веќе некое време се под будното око на јавноста, тие постојано негираа дека се во романтична врска – сè до сега, кога очигледно решија максимално да се релаксираат на плажа во Малибу.

Видеото и фотографиите на кои тие разменуваат нежности и се однесуваат како вљубен пар го обиколија светот со молскавична брзина, а социјалните мрежи беа преплавени со нив.

И, по неколку месеци, потврдата дека се во врска е тука, од нив лично!

Риалити ѕвездата, претприемачката и медиумската личност и возачот на Формула 1, седумкратен светски шампион, уживаа во пливање во океанот, сурфање, прошетки, но и во оние нежни, романтични моменти во плитките води кои покажаа дека се вљубени.

Додека Луис беше облечен лежерно, во црна маица и шорцеви, Ким носеше спуштен костум за нуркање и бикини топ, а овој пат ги истакна и своите луксузни атрибути.

Scroll to Top