(Фото/Видео) Салма Хајек наполни 60 години: Бикинито е нејзин заштитен знак

Салма Хајек наполни 60 години, со успешна кариера зад себе, но и изглед на кој би завидувале девојките децении помлади од неа.

Прославената актерка Салма Хајек „зачекори“ во својата седма деценија, верувале или не. По повод нејзиниот роденден, не е лоша идеја да се потсетиме на сите провокативни изданија во бикини што оваа убавица ги сервирала година по година.

Необработените фотографии се нејзин заштитен знак, Салма го цени природниот изглед и отсекогаш одбивала какви било посети на пластичен хирург, а неодамна воодушеви и со својата седа коса.

Салма ја припишува заслугата за својот совршен изглед на кората од дрвото тепезкохуита, кое често се нарекува „мексиканско дрво на кожата“, бидејќи неговата кора е позната по тоа што помага во регенерацијата на кожата и косата. Токму затоа, како што вели таа, „таа нема ботокс, пилинзи или филери“.

„Јас користам состојка наречена тепезкохуита, а во Мексико се користи за луѓе со изгореници бидејќи целосно ја регенерира кожата“, изјави претходно Салма за списанието Elle.

„Кога однесов некои од овие состојки во американските лаборатории, тие беа како: „О, Боже! Зошто никој не го користи ова?“ Затоа не користам ботокс, пилинзи или филери.“

Салма, исто така, го припишува својот сјаен изглед на медитацијата и „машини за фреквенција“. Тврдејќи дека тајната на нејзината фигура во облик на песочен часовник е медитацијата, таа за Entertainment Tonight изјави: „Навистина верувам во тоа. Луѓето велат дека тоа е вежбање. Мислам дека тоа е медитација.“

Секоја нејзина нова објава предизвикува малку возбуда на социјалните мрежи, а Салма е горда на својот изглед и секогаш е подготвена да позира.

Scroll to Top