Сите беа изненадени од присуството на познатата манекенка Клаудија Шифер во Виндзор, на државниот банкет за време на посетата на германскиот претседател на Британија.
Познатата германска манекенка Клаудија Шифер седеше во друштво на високи функционери во салата „Сент Џорџ“ во Виндзор. Таа беше придружувана од Кејт Мидлтон и кралот Чарлс, а стануваше збор за банкет организиран за посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
На кралскиот банкет беа собрани околу 150 гости, а меѓу нив беше и Клаудија Шифер, која беше достојна конкурентка на Кејт Мидлтон, кога станува збор за модни изданија.
За оваа пригода, познатата Германка избра елегантен долг фустан украсен со златни детали по целата фигура, но и на ракавите. Клаудија блескаше со препознатлива фризура која не се променила со текот на годините, додека додаде едноставни црни потпетици и чанта.
Зошто Клаудија Шифер беше гостинка во Виндзор?
Многумина се прашуваа зошто Клаудија треба да добие почесно место кај кралското семејство, меѓутоа, луѓето заборавија дека овој модел имаше брилијантна кариера и ја претставуваше Германија на најдобар можен начин.
Покрај тоа, Клаудија е во брак со англискиот режисер Метју Вон, чие потекло е аристократско и ја носи титулата витез од минатата година, па затоа познатата Германка стана дама на вечерата одржана во чест на Штајнмаер.







