Пејачката Дуа Липа со години е инспирација за многумина за летен стил, а нејзините објави редовно привлекуваат внимание поради модните комбинации, интересните трикови и иновации за убавина, плажните изданија и костими за капење.
На последните фотографии што ги објави, таа позираше во многу ефектно бикини во кое многу жени се заљубија на прв поглед, и едно е сигурно – дефинитивно ќе бидете забележани во него!
Станува збор за дводелен костим за капење со триаголен горен дел и долен дел што се врзува, кој е сè освен класичен. Изгледа како да е составен од неколку различни модели, но всушност станува збор за различна комбинација на бои.
Станува збор за пругасто бикини Juni од австралискиот бренд With Jéan во варијантата Multi Stripe, чија цена за комплетот е 178 евра, според Index.hr.
Секој дел е во различна боја, па затоа има комбинации од црвена и бела боја со жолти рабови, сина и сива, зелена и жолта… Токму затоа привлекува многу внимание, воопшто не е здодевен и е малку ретро.







