(Фото) Дуа Липа ги покажа извајаните стомачни мускули

Пејачката Дуа Липа е многу активна на социјалните мрежи, каде што ја следат голем број луѓе, а речиси секојдневно се обидува да ги информира своите обожаватели за тоа како ги поминува слободните денови.

Фотографиите во бикини секогаш задоволуваат, без разлика од чиј профил доаѓаат, а Дуа е позната и по тоа, меѓутоа, овој пат покажа како го поминува времето со својата сестра Рина, но успеа да оди и во теретана.

На една од фотографиите, Дуа позира во хеланки и краток топ за да ѝ се јасно видливи стомачните мускули, па коментарите најчесто се сведуваа на тоа дека пејачката е премногу згодна во секоја облека.

„Какво тело“, „Мора да вежбаш напорно“, „Изгледаш одлично“, „Блазеси му на твојот вереник“, беа некои од реакциите под нејзината објава.

Патем, Дуа Липа неодамна отиде на луксузно сафари патување во Африка, каде што беше придружувана од нејзиниот вереник Калум Тарнер.

Очигледно, се шпекулира дека Дуа и Калум веќе закажале датум за свадба, како што се пишува, тие не сакаат голем број гости и веројатно сè ќе се одржи во странство.

Scroll to Top