Вера Ванг го прослави својот 77-ми роденден, а фотографии од забавата сподели на социјалните мрежи, покажувајќи го својот нов изглед.
Познатата модна дизајнерка, Вера Ванг, наполни 77 години и организираше голема забава за сите свои пријатели и соработници. „Жената која никогаш не старее“, како што популарно ја нарекуваат, го искористи својот роденден за да се пофали со својот нов изглед.
Кратко по забавата, Вера сподели фотографии на кои се гледа како изгледа. За роденденот избра тесен бел фустан, но токму нејзината нова фризура привлече најголемо внимание.
Порано ја гледавме со кафеава коса, но сега направи целосен пресврт и стана русокоса. Дури и ја скрати долгата коса, па сега има боб фризура, што е и најмодерен избор оваа сезона.
„Време е за забава“, напиша таа во описот на објавата.
Се претпоставува и дека Вера сега одлучила да носи перика, и дека не се откажала целосно од старата фризура, но останува да се види. Она што е сигурно е фактот дека познатата дизајнерка уште еднаш покажа дека возраста дефинитивно не постои за неа, и дека секое „модно издание“ ѝ стои совршено.







