Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.
Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.
Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.
Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин







