Сиа е повеќе од само пејачка, таа е сценска уметница која ја краси и фигура и глас, а луѓето низ целиот свет ја обожаваат поради нејзините необични костими и перики кои секогаш ги користи за да го покрие своето вистинско лице.
Сепак, фотографите неодамна ја фотографираа на сосема обична прошетка низ Лос Анџелес во друштво на нејзиниот двегодишен син Сомерсолт Вондер.
Наместо впечатлива облека и перика што го крие нејзиното лице, таа носеше лежерни парчиња кои навистина ги изненадија обожавателите. Фотографиите стигнаа до мрежата, а ние имавме можност да ја видиме пејачката во широк балон фустан кој го надополни со розова капа.
Sia ditches signature disguise for rare barefaced outing in LA https://t.co/kZSTxY4F0o pic.twitter.com/JeqkaPRSZ2
— Page Six (@PageSix) June 9, 2026
Фотографиите предизвикаа вистинска возбуда, бидејќи, како што може да се види од приложеното, Сиа под рефлекторите и Сиа надвор од сцената не е иста личност.
Сиа е позната по тоа што го држи својот приватен живот подалеку од љубопитниот свет, па јавноста беше изненадена кога стана мајка пред две години.
Потоа беше откриено дека таа тајно се развела од својот сопруг Ден Бернард, а во официјалните документи како причина за разводот наведе „непомирливи разлики“.







