Ева Лонгорија, или поточно, омилената очајна домаќинка, секогаш наоѓа начин да привлече внимание. Таа е често активна на социјалните мрежи, каде што објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, а се чини дека една конкретна објава предизвика вистинска возбуда на Инстаграм.
Ева објави празнична фотографија, а привлече внимание со својата комбинација на облека. Таа носеше пастелно розов фустан кој ја истакнуваше нејзината прекрасна фигура.
Секси фустанот има и длабоко деколте кое дополнително ја крена температурата. Стајлингот го надополни со брановидна фризура и ненаметливи додатоци, а црвениот кармин што го заокружи ова издание не треба да се изостави.
Коментарите од фановите едноставно се нижеа, а покрај божиќните честитки, имаше и такви кои го пофалија овој секси стил.
„Среќни празници“, „Неверојатна си“, „Изгледаш прекрасно“, се само неколку од коментарите.







