Не е ни чудо што многу јавни личности го сакаат тенисот, а со оглед на тоа што е во тек Отвореното првенство на САД, трибините на тенискиот турнир се полни со познати лица.
Фотографите на странските медиуми неодамна ја фотографираа актерката Кејти Холмс меѓу гледачите, а таа привлече внимание со својата комбинација на облека.
Таа одлучи да носи кариран фустан од брендот „Silk Laundry“ за оваа пригода, што ја направи да изгледа целосно шик.
Својот стајлинг го комплетираше со кожна јакна, очила за сонце A.P.C. Brown Moe и класични балетанки „Schutz“.
Сите овие модни додатоци создадоа впечаток на лежерен аутфит, а не треба да се изостави и чантата „Marni“, која, според модните списанија, ќе биде следниот моден крик.
фото: принтскрин