Моделот Роузи Хантингтон-Вајтли неодамна присуствуваше на вечерна забава во Лондон, а за таа пригода донесе модни парчиња кои воопшто не одговараат на нејзината палета на бои, ниту на нејзиниот стил.
За разлика од неутралните нијанси кои често се составен дел од нејзините комбинации, овој пат се одлучи за драматични тонови, но и за едно шик парче облека – кожен капут.
Таа носеше бордо капут со кариран комбинезон одоздола. Облеката е дел од есенската колекција 2025 на брендот Burberry, а совршено изгледа на познатата манекенка.
Својот стил го комплетираше со минимална шминка во нежни тонови и брановидна фризура која му даде тој природен, не премногу сериозен изглед.
фото: епа







