(Фото) Шлиц од кој „боли глава“: иако е во седмата деценија нејзиниот изглед остава без зборови

Познатата актерка Деми Мур (62) се појави на вечерата на „Caring for Women Foundation“ во Њујорк, на која се собраа бројни познати убавици, вклучувајќи ја и новопечената милијардерка, Лорен Санчез, која ги воодушеви сите.

Деми повторно блесна во фустан од модната куќа Гучи, кој имаше висока јака, но и ризичен шлиц што ги откриваше нејзините долги нозе.

Додаде обетки и прстен за да го комплетира најновото вамп издание и повторно блесна. Косата и беше во нежни бранови, а со својата насмевка ги освои сите присутни.

Деми Мур е една од најзгодните и најубавите актерки денес, и иако е во седмата деценија, нејзиниот изглед ги остава без зборови дури и девојките неколку децении помлади.

Неодамна беше во центарот на вниманието кога во едно интервју јавно ја пофали и поддржа сегашната сопруга на Брус Вилис, чија состојба постојано се влошува.

фото: принтскрин

Scroll to Top