(Фото) Штета што летото не трае подолго: Никогаш не изгледала толку добро во бикини

Ова лето, Ирина Шајк дефинитивно одлучи да ја загрее атмосферата со жешки фотографии за сите што ја следат на Инстаграм, а има повеќе од 23 милиони следбеници.

Руската манекенка Ирина Шајк, за која многумина велат дека е една од најубавите, но и најжешките жени во светот, повторно нè почасти со секси фотографии – вистинските летни. И сето тоа додека кружат гласини дека е во врска со НБА ѕвезда.

Овој пат, таа позираше во мало бело бикини пред огледало и ги покажа своите неверојатни, извајани стомачни мускули и зачудувачката фигура што ја има благодарение на соодветната исхрана и дисциплинираниот тренинг.

Покрај микро бикини, таа позираше и во едноделен костим за капење, а потоа и во портокалово бикини, каде што ги стави градите во преден план.

Се чини дека сонцето, морето и плажата совршено ѝ одговараат и дека навистина ужива во одморот, но и во нејзиниот сосема природен изглед, без шминка и фризура.

Scroll to Top