(Фото) Јаник Синер повеќе не се крие: убавицата од Босна и Херцеговина му падна во прегратка по победата

Јаник Синер ја освои својата втора последователна титула на Завршниот Мастерс во Торино, победувајќи го Карлос Алкараз со 2-0 во сетови.

Во текот на целиот натпревар, од трибините го поддржуваше Лаила Хасановиќ, девојка и модел по потекло од Босна и Херцеговина, за која се дозна кон крајот на октомври оваа година.

Откако го зададе последниот удар и со тоа стана победник, Лаила веднаш истрча да го прегрне – а со неа и кучето Снупи.

Вљубените разменија топли прегратки, а големо внимание привлече двојниот дијамантски прстен на раката на убавицата од Босна и Херцеговина. Се чини дека повеќе не ја кријат својата врска, бидејќи гордо позираа пред објективот на фотоапаратот.

фото: принтскрин

Scroll to Top