(Фото) Џесика Алба воодушевува со најновите снимки на социјалните мрежи: „Како е можно да не старееш“

Холивудската актерка Џесика Алба (45) живее „нов живот“ по разводот од Кеш Ворен, со кого има три деца. Иако отсекогаш била во центарот на вниманието и позната по својата специфична убавина, нејзините „пет минути“ се чини дека пристигнаа токму сега.

Набргу по разводот, Џесика почна да објавува попровокативни фотографии и одеднаш се појави насекаде. Потоа следеше врска со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, а обожавателите на Алба продолжија да ја восхитуваат.

Актерката моментално престојува во Мајами, од каде што доаѓаат нејзините најнови фотографии, на кои позира облечена за ноќно излегување. На првата објава, Џесика има краток фустан, вечерна шминка и малку навиткана коса што ја прави препознатлива, додека на следната е во широки фармерки и розов корсет.

Двете комбинации ѝ стојат совршено, а фокусот повторно беше на нејзината убавина. Верувале или не, Џесика е во петтата деценија, има 45 години, но изгледа барем една деценија помлада.

Коментар под фотографијата остави и Рамирез, кој не ги крие своите емоции кога е покрај убавата актерка, а ниту останатите нејзини следбеници не беа имуни.

„Која е оваа девојка“, „Прекрасна си“, „Како и секогаш, прекрасна“, „Толку природна“, „Како е можно да не старееш“, беа дел од коментарите.

Scroll to Top