Француските летувалишта воведуваат казни до 150 евра за шетање без маица

Сѐ повеќе француски туристички места воведуваат казни за туристи кои шетаат без маица или само во костим за капење надвор од плажите. Казните можат да достигнат и до 150 евра.

Меѓу градовите што ги заострија правилата е Нарбон, каде мерките ќе важат до крајот на септември. Локалните власти велат дека сакаат да го зачуваат редот и пријатната атмосфера во центарот на градот за време на туристичката сезона.

Градоначалникот Бертран Малкие истакна дека не станува збор за ограничување на туристите, туку за почитување на јавниот простор и основна пристојност.

Слични правила веќе важат и во Довил, Аркашон и Ле Сабл-д’Олон, каде локалните власти предупредуваат дека плажната облека е прифатлива на плажа, но не и во градските улици и историските јадра.

Scroll to Top