Принцот Хари и Меган Маркл добиле понуда да престојуваат во кралска резиденција за време на нивната посета на Обединетото Кралство следниот месец, пренесува „Би-Би-Си“.
На патувањето ќе ги придружуваат и нивните деца, Арчи Маунтбатен-Виндзор и Лилибет Маунтбатен-Виндзор. Ова ќе биде прва посета на целото семејство на Велика Британија по четири години.
Според Би-Би-Си, на семејството му е понудено сместување на кралски имот, но засега не одговориле на поканата.
За време на претходните посети, Хари одбивал да престојува во Бакингемска палата поради безбедносни причини и загриженост околу изложеноста на јавноста.
Засега не е познато која кралска резиденција им е понудена за претстојната посета.







