Џала Брат и Буба Корели се подготвуваат да го освојат Охрид, а интересот за најавениот концерт во Егоист бич барот е огромен и веќе е пред распродавање. За настапот што ќе се случи на 31 јули останаа уште мал број влезници. По еуфоријата што ја предизвикаа низ регионот, популарниот двоец сега се подготвува за една од најочекуваните летни вечери на брегот на Охридското Езеро.
По огромниот успех на новиот албум GODZILLA, кој за рекордно кратко време ги освои трендинг листите и стриминг платформите низ регионот, Џала и Буба продолжуваат со својата GOAT TOUR, турнеја што веќе важи за една од најголемите регионални музички приказни годинава.
Публиката во Охрид ќе има ексклузивна можност првпат во живо да ги слушне песните од новиот албум GODZILLA, проект кој донесе 10 нови траки и повторно потврди зошто ова дуо со години е на самиот врв на балканската музичка сцена. Посебно внимание привлече песната „Муфаса“, соработка со Раста, која уште по објавувањето стана една од најкоментираните теми меѓу фановите.
Од моќна продукција и светски звук, до рефрени што веднаш „влегуваат во уво“, Џала Брат и Буба Корели одамна не се само регионален феномен. Нивните концерти прераснаа во вистински музички спектакли, а секој нов настап носи атмосфера за која долго се зборува.
Само пред неколку недели дуото испиша нова историја со две распродадени Арени Загреб, а претходно истото сценарио се случи и во Скопје, од каде што всушност и почна турнејата и каде што илјадници фанови беа дел од концертна еуфорија каква ретко се гледа на овие простори.
Сега ред е на Охрид. Во амбиентот покрај езерото, публиката ќе има можност во еден глас да ги пее и најголемите хитови, но и новите песни кои веќе ја освојуваат Европа и се на пат да станат неизбежен дел од летните плејлисти и клупските вечери низ регионот.
GOAT TOUR е во организација на Music Week, платформата која стои зад најголемите музички настани во регионот, а преостанатите билети за концертот во Охрид се достапни преку mktickets.mk.
Со оглед на огромниот интерес и фактот дека охридскиот концерт е пред целосно распродавање, организаторите апелираат публиката навреме да ги обезбеди своите влезници, бидејќи останаа уште мал број места за летниот спектакл на Џала Брат и Буба Корели.
ПР







