Џенифер Лопез го покажа своето тело во бикини на 57 години: Изгледа неверојатно

Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и покажа завидна фигура.

Латинската дива, која го прослави својот 57-ми роденден во јули, блескаше во стариот холивудски стил на фотографиите. Посебен акцент стави на затегнатиот стомак, додека целиот стајлинг го комплетираше со очила за сонце и елегантна бела квадратна чанта.

Лопез објави и полароидна фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и привлечни шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

„Сезоната на Лавови продолжува“, напиша пејачката и актерка во описот на објавата.

Нејзината пријателка Џесика Алба реагираше со емотикони на вљубени очи и оган, додека многу обожаватели го пофалија нејзиниот изглед во коментарите. Многумина ѝ рекоа дека изгледа фантастично и ја нарекоа вистински пример за совршена фигура.

Лопез неодамна сподели емотивни моменти од семеен одмор во Италија, каде што помина време со своите 18-годишни близнаци Макс и Ема.

Семејното патување има посебно значење за неа бидејќи се подготвува за нова животна фаза – моментот кога нејзините деца ќе го напуштат семејниот дом и ќе започнат самостоен живот.

 

фото/depositphotos

Scroll to Top