Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Дизелот се намалува за 5, 5 денари а цената на бензините за 7 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51% во однос на одлуката од 2.11.2026 година.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 10.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 103,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,312 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 7,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 5,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 6,261 ден/кг и сега ќе изнесува 49,312 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 12,340%, кај дизелот за 6,785%, кај екстра лесното масло има намалување за 7,834% и кај мазутот намалувањето е за 13,816%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5247%.

Поврзани вести