14-годишник нападнат со нож од негов соученик во тоалетот од училиштето

Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот Ф.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик.

При нападот му била нанесена расекотина во пределот на раката.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top