Ученик нападнат од врсници во тоалетот во основно училиште во Скопје

Триесет и тригодишна скопјанка пријавила во полицијата дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници во тоалет на основно училиште во Радишани, соопшти МВР.
Според пријавата, нападот се случил на 18 ноември околу 17 часот, а мајката го пријавила случајот истиот ден во 23:10 часот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



