Десергодишно дете е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, несреќата се случила завчера во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје кога 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.







