Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Македонија

3403 вести во последните 90 дена
Осма жртва на западнонилска треска, почина 70-годишник

Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјата, со што бројот на жртви се искачи на осум. Станува збор за 70-годишен жител на скопско Драчево, кој подолг период се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Според информациите од Клиниката, пациентот имал повеќе коморбидитети.

06.09.2026
Запреле „бмв“ на патот Гостивар – Стража, возачот нападнал полицаец

На 06.09.2026 во 00:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар запреле патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ј. (49) од с. Шемшово, тетовско. По констатиран сообраќаен прекршок, А.Ј. почнал агресивно да се однесува и физички…

06.09.2026
Утре и во вторник сончево и топло, од среда нестабилно со пороен дожд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив…

06.09.2026
(Видео) Голем пожар кај Милетино се заканува кон селото, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Голем пожар избувна кај Милетино, во Општина Брвеница, и се заканува кон селото, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. За гаснење на пожарот се ангажирани „ер тракторите“, а на терен се и тетовските пожарникари. Според Ангелов, пожарникарите се обидуваат да го гаснат пожарот во…

06.09.2026
Двајца вработени во „Комунална хигиена“ повредени во иста вечер, едниот со тешки повреди

Двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје се здобиле со повреди додека извршувале работни задачи во два одделни случаи во Скопје, информира МВР. Во првиот случај, од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во полицијата било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ф.Ф. (44) од Скопје. Според пријавеното…

06.09.2026
Котевска по Еми наградите: Дома ќе донесеме незаборавно искуство, нова видливост за македонскиот филм

Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program. Во двете категории…

06.09.2026
Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало пари за наводно лекување на синот во странство и за регулирање долг за вода. Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 18 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, во…

06.09.2026
Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан со мито за посредување при вработување, и ги отфрли обвинувањата на СДСМ. Јанушев оцени дека е „крајно несериозно и политички бедно“ тоа што опозициската партија, како што вели, се…

06.09.2026
Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР, на 5 септември околу 19 часот, на паркинг простор во селото Галичник, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Е. (47) од Скопје. При преглед кај него…

06.09.2026
Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани со остри предмети. Во Кавадарци, полицијата го привела Ј.Ф. (40), постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, и ѝ се…

06.09.2026
Приведен гостиварец по пријава дека физички и полово ја нападнал вонбрачната сопруга

Полицијата приведе 55-годишен гостиварец откако 40-годишна жена го пријавила дека физички и полово ја нападнал во нејзиниот стан. Како што информира МВР, на 5 септември во 7:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С. (55) од Гостивар. Полицијата постапила по пријава поднесена претходниот…

06.09.2026
Опасност од залутани куршуми во Скопје: погоден човек, оштетени возила и куќа

Четири случаи со залутани зрна од огнено оружје биле пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден, при што е повреден 71-годишен маж, а оштетени се две возила и семејна куќа. Во 13:43 часот од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Х.Р. (71) од…

06.09.2026