Агресивно се однесувал кон неговиот татко: уапсен 29-годишен радовишанец

Вчера во 12:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода И.Ф.(29) од Радовиш.
Според пријавеното, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

