Вторник, 10 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

По две тешки железнички несреќи во Шпанија, машиновозачите почнаа штрајк

Шпанските машиновозачи денеска започнаа штрајк, барајќи поголеми инвестиции во одржувањето на железницата и безбедноста на сообраќајот, по двете тешки железнички несреќи во земјата во кои годинава загинаа вкупно 115 лица, пренесува Хина.

Шпанскиот премиер Педро Санчез минатата недела го назначи својот заменик Карлос Куерпо за привремен раководител на Министерството за транспорт, откако досегашниот министер Оскар Пуенте поднесе оставка по несреќите на брзата железничка линија Мадрид – Севиља.

Поради штрајкот, откажани се околу 40 отсто од меѓуградските и регионалните железнички линии, што погодило повеќе од 4.000 патници, соопшти државниот железнички превозник „Ренфе“. Во Мадрид се откажани дури 90 отсто од приградските возови, додека во Барселона не сообраќаат половина од локалните линии.

Синдикатот на машиновозачите „Семаф“ соопшти дека преговорите со владата за подобрување на безбедноста на железничката мрежа биле прекинати во април. Преговорите започнале по несреќата во јануари, во која загинаа 46 лица. Во втората несреќа, што се случи минатиот месец, животот го загубија 69 лица.

Шпанската влада денеска одобри нови мерки за подобрување на безбедноста, меѓу кои и подобро регулирање на работното време на машиновозачите, воведување посебен правобранител за жртвите на несреќи во јавниот превоз и подобрување на механизмите за пријавување безбедносни проблеми.

Поврзани вести