Дете во Велес дошло на училиште со видливи повреди, случајот пријавен во полиција

Кај ученичка во основно училиште во Велес биле забележани видливи повреди, по што бил извршен лекарски преглед, а случајот бил пријавен во полиција.
Стручната служба во училиштето го известила Центарот за социјални работи во Велес за забележаните повреди кај детето.
Центарот вчера (26 октомври) го пријавил случајот во СВР Велес, по што полициски службеници извршиле службен разговор со 57-годишна велешанка, која е законски старател на ученичката.
За случајот е известен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


