Среда, 25 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

„Доста беше“: Втор мирен граѓански протест во Крива Паланка – безбедноста не смее да чека!

Во сабота, 28 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на магистралниот пат кај Градечки мост, (спроти Градскиот парк ), во Крива Паланка, ќе се одржи вториот мирен граѓански протест со барање за итно и трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.

„Граѓаните бараат конкретно постапување од надлежните институции, спроведување на законот и заштита на нивната безбедност и имот.

Пораката е недвосмислена: потребни се дела, јасни рокови и резултати. Протестот е повик за одговорност и итни мерки со кои ќе се стави крај на опасностите, штетите и неизвесноста со кои се соочуваат жителите.

За безбедноста на семејствата. За заштита на имотот. За живот без страв!“, велат од Општина Крива Паланка.

Поврзани вести