Понеделник, 2 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Филипче: Како 11.000 пензионери ќе стигнат до пензиите — со затворени експозитури и картички што не работат?

Претседателот на СДСМ, Венко Флипче, на денешната прес-конференција, го повика гувернерот Славески да одговори како 11.000 пензионери ќе ги добијат своите пензии кога експозитурите на Алта банка се затворени, а картичките и банкоматите не функционираат. Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски и гувернерот Славески ги оставија граѓаните во неизвесност, без одговори и без пристап до нивните средства, со што ја загрозија егзистенцијата на илјадници граѓани кои своите плати, пензии и животни заштеди ги имаат во Алта банка.

„После вчерашниот прес на гувернерот се отвораат многу прашања. Прво најави дека ќе можат граѓаните коишто таму имаат свои пари да извлекуваат околу сто педесет евра неделно. Денеска експозитурите не работат, а на граѓаните не им работат ниту картичките на банкоматите. Како граѓаните ќе си ги повлечат парите?Како пензионерите ќе стигнат до пензиите? Како ќе стигнат семејствата? Како ќе стигнат работниците? Како ќе ги издржуваат сега семејствата илјадници луѓе коишто не можат ниту од експозитури коишто се затворени, ниту од картичките коишто не им работат да стигнат до своите средства. Загрозена е егзистенцијата на овие наши граѓани“, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните кои со години ги вложувале своите животни заштеди во Стопанска банка Битола сега се соочуваат со неизвесност дали воопшто ќе можат да стигнат до своите пари, додека гувернерот Славески ги повикува граѓаните редовно да ги плаќаат кредитите.

„Луѓе кои што со години и животната заштеда ја вложиле порано во Стопанска банка Битола, а тие се многу луѓе сега во Алта банка се поставува прашањето дали воопшто ќе си стигнат до своите пари Зошто гувернерот кажува дека и покрај тоа што не може да си ги повлечат парите, имаат обврска да ги враќаат кредитите. Каков врв на безобразлук. Со кои пари луѓето да враќаат кредити? Што ако им се кредитите депозитарни, па чекаат пари од банката за да уплатат ратата за кредитот? Единаесет илјади пензионери земаат пензија преку Алта банка“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, најави дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе покрене иницијатива за одржување надзорна расправа во Собранието, како и интерпелација за гувернерот Трајко Славески.

„Ние од наша страна денеска ќе покренеме иницијатива како партиска група во Собранието за одржување на надзорна расправа за овој проблем. Да видиме како се дојде до оваа ситуација и ќе поднесеме интерпелација за гувернерот Трајко Славески, кој што ги остави семејствата, пензионерите, младите без своите средства“, рече Филипче.

Поврзани вести