Барселона повторно се насочи кон ѕвездата на Интер

Барселона не се откажува од Алесандро Бастони, каталонските гиганти го реактивираа интересот за дефанзивецот на Интер, кого го гледаат како едно од клучните засилувања за решавање на сè поизразените проблеми во последната линија на тимот.
Како што објавува „Скај Спорт“, италијанскиот репрезентативец е многу високо на листата на желби на Барселона, која сака да го доведе веќе за време на јануарскиот преоден рок.
Каталонците се обидоа да го реализираат трансферот и минатото лето, но тогаш не успеаја да постигнат договор.
Сепак, интересот не исчезна, па контактите со претставниците на играчот повторно биле интензивирани.
Според достапните информации, за време на претходниот преоден рок, Барселона веќе постигна принципиелен договор со Бастони во врска со личните услови.
Сепак, тренерот Ханси Флик одлучи да го запре трансферот, па договорот на крајот пропадна.
Сега ситуацијата може да биде поинаква. Барселона разгледува различни опции за да најде начин да го доведе искусниот стопер на „Камп Ноу“, а се очекува преговорите да се интензивираат во наредните недели.
Проблемите во дефанзивната линија ги принудија челниците на Барселона повторно да размислат за доведување на квалитетен централен бек.
Бастони совршено се вклопува во профилот на играчот што го бара германскиот тренер.
Сепак, останува да се види дали Барселона ќе може да најде заеднички јазик со Интер и конечно да го реализира трансферот што им избега минатото лето.
Foto/ depositphotos



