(Фото) Вработени во ЈСП затекнати при кражба на нафта од гаражите во Ѓорче Петров, извести Ѓорѓиевски

„Внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата“, извести градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, додаде градоначалникот.




