Гостиварец по расправија ја нападнал партнерката со остар предмет, а физички ја нападнал и нејзината малолетна ќерка

Полицијата од Тетово поднесе кривична пријава против А.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривичнио дела „телесна повреда“ и „насилство врз дете“.
На 25.10.2026, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет ја нападнал неговата вонбрачна партнерка, а физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.

