Повеќе случаи на семејно насилство: син го нападнал татка си, жена сопругот со остар предмет

Полицијата регистрирала три случаи на семејно насилство и закани во Битола, Велес и Штип, при што три лица биле лишени од слобода.
Во Битола, вчера во 20:35 часот, полициски службеници уапсиле 45-годишен маж со иницијали А.Х., бидејќи во семејниот дом физички го нападнал својот 74-годишен татко.
Во Велес, пак, денеска во 2:20 часот по полноќ била уапсена 63-годишната М.Т., по претходна пријава дека во домот физички го нападнала својот 68-годишен сопруг, при што употребила остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а за случајот бил известен јавен обвинител.
Третиот случај бил регистриран во Штип, каде што вчера во 17:40 часот полицијата го лишила од слобода 42-годишниот Т.Г., бидејќи му се заканувал на својот 45-годишен брат.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, односно поднесоци.
