Хаос во автобус во Драчево: Нападнал патници и возач, оштетил автомобил, па удрил и по полицијата

Дваесет и седумгодишен скопјанец е приведен вчера во Драчево, откако физички нападнал неколку патници и возач на автобус, оштетил автомобил, а потоа нападнал и полициски службеници.
Претходно било пријавено дека осомничениот најпрвин физички нападнал неколку патници во автобус, како и возачот на кого се обидел да му го одземе мобилниот телефон. Потоа излегол од автобусот и оштетил патничко возило.
Кога на местото пристигнале полициски службеници, 27-годишникот физички ги нападнал и нив.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


