Со товарно возило удрил во полициски автомобил, па нападнал полицајци во Липково

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишниот Е.С. од скопското село Арачиново, поради сомневања дека со товарно возило удрил во службен автомобил на полицијата, а потоа физички нападнал полициски службеници.
Според информацијата од полицискиот билтен на МВР, инцидентот се случил на 29 септември во селото Отља, Општина Липково, кога осомничениот не застанал на даден знак за запирање, туку со товарното возило удрил во полициски автомобил. Потоа физички ги нападнал полицајците додека извршувале службени дејствија.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.


