Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Ива Михајлова сака од Бугарија онлајн да се вклучи на судењето во Кочани, најави можност лекувањето да го продолжи во Израел

Ива Михајлова, против која се води судска постапка за сообраќајна несреќа во Кочани, побарала да учествува преку видеоврска на утрешното рочиште.

Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), таа изјави дека има трајни последици од повредите и дека, доколку актуелниот третман не ги даде очекуваните резултати, можно е да биде упатена на лекување во Израел.

„За жал, имам трајни последици што ми го попречуваат секојдневниот живот, а моментално се обидуваме да ги решиме со лекарите тука. Причината е токму недостигот од рехабилитација, која ми беше одземена со месеци во Кочани“, изјави Михајлова за БНТ.

Таа тврди дека има вкочанетост на екстремитетите и други последици што можеби нема целосно да се отстранат ниту со медицинска интервенција.

Во однос на судската постапка, таа нагласи дека сака да продолжи да учествува на рочиштата, наместо судењето да се одвива во нејзино отсуство.

„Мојот адвокат поднесе барање за мое учество преку интернет од тука. Чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат нашето барање“, рече Михајлова.

Поврзани вести