Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟦𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 01.11 до 08.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.

Поврзани вести