Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Седми смртен случај од западнонилска треска, почина пациент од Општина Гази Баба

03.09.2026, 12:27

Уште еден нов смртен случај од западнонилска треска е потврден во Македонија, соопшти министерот за здравство, Сашко Клековски. Со ова, бројот на починати од вирусот се искачи на седум.

Министерот кажа дека починатиот е пациент на возраст од 69 години од Општина Гази Баба и бил хоспитализиран 38 дена.

Вкупниот број на хоспитализирани е 19, а има и еден нов сомнителен случај од Радишани.

Клековски кажа дека последните неколку нови случаи се од Скопје Север.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Министерот кажа дека според најголемата студија во Америка спроведена на над 3.000 случаи, стапката на заболување со невроинвазивната форма и смртноста е поголема кај мажите.

Поврзани вести