Четврток, 26 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Јаневска со апел до пратениците да дебатираат за новиот Предлог закон за високо образование

Одговарајќи на пратеничко прашање во врска со наводите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, рече дека истиот нотира прогрес во областа на основното и средното образование и науката, но и сугерира промени во високото образование.

„Европската комисија вели дека студиските програми мора да се модернизираат. Неопходен е и нов закон, кој ние го изработивме преку широка јавна и стручна дебата. Законот за високо, заедно со Законот за научно – истражувачка дејност и Законот за квалитет во високото образование се доставени во Собранието и ве замолувам сите пратеници да имате разбирање и тие да бидат приоритетни за усвојување, бидејќи во спротивно нема да трпи штета Владата, туку образованието, граѓаните и државата“, рече Јаневска.

Осврнувајќи се на остварените цели од Реформската агенда, министерката го издвои опремувањето на 160 основни училишта со безжична опрема за безбеден пристап до интернет, усвојувањето и примената на нова методологија за финансирање на основното образование која овозможува правична распределба на средства по општини, зајакнувањето на средното стручно образование и вклучувањето на 1000 компании во реализацијата на практичната обука на учениците, како и ангажирањето на кариерни советници во училиштата.

Поврзани вести