Понеделник, 23 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

ЈП Лајка: За една недела вдомени 10, а заловени 40 кучиња

Во изминатата недела (16 – 22 ноември 2026) граѓаните вдомија 10 кучиња од ЈП Лајка. Во истиот овој период, тимовите на ЈП Лајка во Скопје заловија 40 улични кучиња, од кои најголем број на територијата на општина Гази Баба – 18.

„Во последниот период нашите тимови забележуваат зголемен број сопственички кучиња на јавни површини, без присуство на сопственикот. Предупредуваме дека секое куче што ќе биде лоцирано на јавна површина, без разлика дали е микрочипирано или не, согласно нашите надлежности, се заловува од страна на ЈП Лајка. Од тие причини, апелираме до сите сопственици да ги почитуваат законските прописи и да не ги оставаат своите миленици да се движат слободно на јавни површини без надзор“, велат од ЈП Лајка.

Додаваат дека со одговорна грижа, сопствениците го намалуваат ризикот нивните кучиња да се изгубат, а со спречување на неконтролираното размножување придонесуваат и за намалување на бројот на бездомни кучиња во Скопје.

Поврзани вести