Крушево со 40 сантиметри снег, екипите на терен за расчистување на улиците

Крушево се разбуди под снежна покривка од околу 40 сантиметри, претворајќи ги градот и околината во вистинска зимска идила.
Поради обилните снежни врнежи, екипите на ЈП „Комуна“ – Крушево, во координација со „Македонија пат“, се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од градските улици, локалните патишта и останатите сообраќајници.
Механизацијата постојано интервенира за да се одржи проодноста на патиштата и да се овозможи безбедно движење на жителите и посетителите.
Градоначалникот Нико Чонески упати апел до возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината на условите на патиштата и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.



