Куќа целосно изгоре во Зелениково, сопственикот се обидел сам да го изгасне пожарот

Куќа целосно изгорела во пожар што вчера избувнал во селото Тисовица, општина Зелениково. Сопственикот се обидел сам да го изгасне огнот, но не успеал, информира МВР.
Според полициското соопштение, пожарот избувнал околу 13 часот во куќа сопственост на Р.Е. (37) од селото Тисовица, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 18 часот.
Во пожарот куќата целосно изгорела, но за среќа нема повредени лица.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

