Петок, 13 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Левица: Опозицијата успеа да се избори против креативното-авторитативно толкување на власта – седницата за пратенички прашања ќе се одржи

По вчерашниот бесрамен обид на ДПМНЕ и нивните спотери со две паузи да го избришат правото на опозицијата да поставува пратенички прашања, опозицијата успеа да се избори против самоволното и авторитарно прекројување на Деловникот по мерка на власта и расположението на министрите и Мицкоски, велат од партијата Левица преку соопштение.

„Седницата за опозициски пратенички прашања, која владејачкото мнозинство се обиде да ја прогласи за завршена без ниту едно поставено прашање, по притисок на опозицијата ќе се одржи наредната недела.

Пратеничките права не се предмет на пазарење, ниту Деловникот е партиски прирачник што ДПМНЕ може да го толкува според дневните потреби на Мицкоски. Обидот парламентарната контрола да се сведе на милост и немилост на владејачкото мнозинство заврши неуспешно.

Левица нема да дозволи со акробации и измислици да се амнестира Владата од одговорноста пред народните претставници“, велат од Левица.

Поврзани вести