Петок, 23 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Mаж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров, на телото имало траги на насилство

23.10.2026, 13:52

Шеесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, а на телото биле забележани траги на насилство, информира МВР.

Случајот бил пријавен вчера, 22 октомври, во 18:40 часот во СВР Скопје. Починатиот е идентификуван како С.Ј. (62).

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство.

На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести