Сабота, 21 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Нападнале 40-годишник во маркет во Баница и украле пари од касата, две лица се приведени

Две лица на возраст од 23 и 22 години се лишени од слобода, а уште две лица, меѓу кои и малолетник, се повикани во полициска станица по физички напад и кражба во маркет во струмичкото село Баница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 20 ноември, околу 18:30 часот, кога четворицата, сите од селото Баница, физички го нападнале 40-годишниот В.С. од истото село.

При нападот, со употреба на сила, од касата во маркетот одзеле пари.

„Полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода И.В. (23) и А.В. (22), а повикани во Полициската станица Струмица се и В.Р. (19) и уште едно малолетно лице“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести