Општина Центар: По наредба од инспекциските служби исчистена е мини-депонијата на Водњанска“ број 54

По реакциите на јавноста, инспекциските служби на Општина Центар веднаш излегоа на терен. По нивна наредба, приватниот имот на улицата „Водњанска“ бр. 54, претворен во мини-депонија, е исчистен и заграден, известува Општината.
„На оваа локација е интервенирано во повеќе наврати поради постојано натрупување отпад и смет. Со решение, сопственикот е задолжен да си го исчисти просторот и спречи повторно создавање депонија.
Контролите продолжуваат! Апелираме до сопствениците редовно да ги одржуваат своите имоти и да не дозволуваат создавање депонии што ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните“, додаваат од Општината Центар.

